Search

Мурињо: Меси ме направи најдобар тренер, му должам многу

Португалскиот селектор Жозе Мурињо изјави дека е благодарен за играчите, кои му отежнале на Реал Мадрид во времето кога тој го предводеше шпанскиот гигант.

Тој зборуваше за времето кога ги водеше „белите” и се заблагодари на големата sвезда на Барселона – Лионел Меси.

– Секогаш велам дека им должам многу на моите играчи и на оние кои не играа под мое водство и ми предизвикуваа проблеми. На пример, Меси никогаш не играл во мојот тим, но јас играв против него и тој ме направи најдобриот тренер, затоа што внимателно се подготвував за натпреварите со него. Посочувајќи го Меси, мислам на сите одлични играчи со кои сум се соочил, вели реномираниот ментор.

Треба да знаете
Последни објави