Search

Мурињо: И јас ќе одбранев исто како Кабаљеро

Жозе Мурињо имаше интересен коментар после синоќешниот дебакл на репрезентацијата на Аргентина.

Аргентинците загубија од Хрватска со 3:0, а на натпреварот бледо издание имаше голманот на „Гаучосите“, Вили Кабаљеро кој беше директен виновник за првиот гол на Хрватите.

„Кабаљеро на голот или јас, тоа е исто. Исто е затоа што и јас ќе одбранев како него“, изјави Жозе Мурињо.

После две кола во групата „Д“, Аргентина има само еден освоен бод и за да не бидат елиминирани, Исланд денес ќе треба да не победи, како и во последното коло против Хрватска, а Аргентинците ќе мора да ја победат Нигерија.

Треба да знаете
Последни објави