Search

Мурињо: Да можев ќе ги заменев сите 11-мина

Трофејниот фудбалски стартег, Португалецот Жозе Мурињо кој го предводи англискиот Тотенхем беше разочаран по мечот со Антверпен, од 2. коло во Лига Европа, што неговиот тим го загуби со 1.0. „Специјалниот“ призна дека неговата екипата играла слабо.

Тоа можеше да се насети уште на полувремето кога Мурињо во соблекувалната остави дури четворица играчи. Но и тоа не му донесе резултат. Домаќините ја сочуваа предноста која ја обезбедија со погодок постигнат уште во 29 минута.

-Да можев ќе ги заменев сите 11-мина. Направив само четири, една измена остана за секој случај до крајот. Ја прифаќам одговорноста за тактиката и изборот на играчи, но екипата не играше добро, кога не играте добро, нема ни добар резултат – изјави  Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави