Search

Мурињо го состави идеалниот тим од играчите кои ги тренирал

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо го состави најдобиот тим од фудбалерите кои ги тренирал во својата кариера. Најголем број од играчите се од Челзи, додека од Порто и Интер со кои ја освои Лигата на шампионите има само по еден претставник.

Идеалниот тим на Мурињо изгледа вака:
голман: Петр Чех;
одбрана: Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Вилијам Галас;
среден ред: Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Еден Азар;
напад: Дидие Дрогба, Кристијано Роналдо.

Мурињо пред Тотенхем ги предводеше Порто, Челси, Реал Мадрид, Интер и Манчестер јунајтед, а тренерската кариера ја почна во Бенфика.

Треба да знаете
Последни објави