Search

Мурињо го сака Коста во Тотенхем

Диего Коста, напаѓачот на Атлетик Мадрид, би можел да се врати во Лондон, каде остана три години.

Коста го носеше дресот на Челси од 2014 до 2017 година, но овој пат тој не е мета на „сините”, туку на нивниот градски ривал, тимот на Тотенхем.

Проблем за Атлетико е високата плата на шпанскиот репрезентативец, десет милиони евра годишно, па се верува дека под притисок на финансиската криза, управата на „јорганџиите” ќе се согласат да го продадат во случај на силна понуда.

„Дон Балон” пренесува дека Тотенхем, предводен од Жозе Мурињо на клупата, е многу заинтересиран.

Португалецот и Коста беа заедно на „Стемфорд Бриџ” во 2014 и 2015 година, а одличниот напаѓач се врати во редовите на Атлетико во 2018 година.

Коста е обврзан со договор со тимот од Мадрид до 2021 година.

Исто така, шпанските медиуми пренесуваат дека тој нема да биде во тимот од натпреварот од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите со бранителот на трофејот, тимот на Баерн.

Треба да знаете
Последни објави