Search

Мурињо го сака во тимот Вилијан од Челзи

Тренерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран да го донесе во тимот фудбалерот на Челзи, Вилијан.

Португалецот сака 31-годишниот Бразилец да биде ангажиран во летниот преоден рок, бидејќи неговиот договор со Челси завршува на крајот на јуни 2020 година и тој веќе може да преговара со другите клубови.

Познато е дека претставниците на Вилијан преговараат и за продолжување на тековниот договор со „сините”.

Оваа сезона Вилијан постигна пет голови и забележа исто толку асистенции на 33 натпревари за Челзи.

Претходно беше објавено дека Барселона е заинтересирана за Бразилецот. Вилијан беше една од првите набавки на Мурињо, откако португалскиот специјалист се врати во Челси летото 2013 година. Тој беше купен од Анжи за 35,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави