Search

Мурињо ги посочи своите фаворити во Лигата на шампионите

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо смета дека Јувентус и Барселона се фаворити за освојување на Лигата на шампионите во оваа сезона.

Мурињо во моментов нема тим, откако во декември беше отпуштен од менаџерскиот пост во Манчестер Јунајтед.

Токму неговиот поранешен тим од „Олд Трафорд” е ривал на Барселона во четвртфиналето, а Јуве се среќава со Ајакс.

Другите две двојки се Тотенхем – Манчестер Сити и Ливерпул – Порто.

– Фаворит во Лигата на Шампионите? Би рекол Јувентус и Барселона. Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас сакам да зборувам за Јувентус и Барселона. Англиските клубови, Порто и Ајакс – тоа се добри тимови, но немаат толку искуство. А кога располагате со Роналдо и Меси – тоа е голем плус, прокоментира Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави