Search

Мундијалското МВП признание за Гидсел

Данска е старо-новиот светски ракометен првак во машка конкуренција, откако во финалето ја совлада Франција (34:29). Данците со овој триумф направија хет-трик светски шампионски титули и станаа првата репрезентација на која и успеал ваков подвиг. За најдобар поединец на 28. Светско првенство кое се одржуваше во Шведска и Полска е избран данскиот репрезентативец Матијас Гидсел кој ги собра сите признанија. Гидсел е најдобриот стрелец на шампионатот со 60 постигнати гола, а беше прогласен и за МВП на турнирот.

ИХФ го објави и Ол-Стар тимот на шампионатот во кој се најдоа:

Голман – Андреас Волф (Германија), лево крило – Анхел Фернандез (Шпанија), лев бек – Симон Питлик (Данска), среден бек – Недим Ремили (Франција), пивотмен – Лудовик Фабрегас (Франција), десен бек – Алекс Душебаев (Шпанија), десно крило – Никлас Екберг (Шведска).

За најдобар млад играч на турнирот е прогласен Германецот Јури Кнор.

Треба да знаете
Последни објави