Search

Музичкиот продуцент Фил Спектор почина на 81 година

Револуционерниот музички продуцент Фил Спектор, кој беше осуден за убиството на актерката Лана Кларксон, почина на 81-годишна возраст. Смртта на Спектор беше потврдена од Калифорнискиот оддел за рехабилитација, каде Спектор издржуваше казна за убиство.

Се смета дека починал од природна смрт, но точната причина ќе се знае само по лекарски преглед.Овој музички продуцент се прослави со работа со групи во шеесеттите години, како што се The Ronettes и The Crystals.

Роден во Бронкс, тој оствари дури четири топ 10 хитови во 1963 година. Потоа работел со Леонард Коен, Рамонс и Битлси. Се повлече од музичката сцена во текот на 80. и 90. години на минатиот век.

Спектор беше уапсен, а подоцна и обвинет за убиство од втор степен, а поради влошување на здравствената состојба од затвор беше префрлен во установа за посебна грижа.

Треба да знаете
Последни објави