Search

Музичарот ја тужеше Лејди Гага: Тврди дека му ја украла песната

Музичарот аматер Стив Ронсен, ја тужеше пејачката и актерка Лејди Гага за плагијат на песната „Shallow“ и бара мултимилионски надомест.

Песната за која тој тврди дека е идентична со неговата се вика „Allmost“ и веќе седум години се наоѓа на неговиот Sound Cloud.

Песната на Ронсен пред да ја поднесе тужбата против пејачката имала само 300 прегледи, а сега повеќе од 360.000 прегледи, од кои поголемиот дел од нив ги направиле фановите на Гага.

И двата тима организирале професионалци кои ги анализирале песните и дошле до заклучок дека станува збор за исти песни, за исти три ноти кои се повторуваат, што не мора нужно да значи дека песната е украдена.

 

Треба да знаете
Последни објави