Search

Мугабе зад себе оставил 10 милиони долари и неколку куќи

Богатството на поранешниот долгогодишен претседател на Зимбабве долго време беше мистерија, а сега по објавувањето на првиот официјален список на имот, може да се заклучи дека тој оставил зад себе 10 милиони долари и неколку недвижности.

Некои фактори во Зимбабве го сметаат објавениот имот за премногу скромен за Мугабе, кој владеше 37 години и од критичарите е обвинуван дека за тоа време собрал огромно богатство, пренесе АП.

Весникот „Хералд“ не ги наведува средствата на Мугабе во странство, иако се верува дека тој има недвижен имот и во Јужна Африка и Азија.

Медиумите исто така пишуваат дека Мугабе, кој почина во септември, не оставил тестамент и дека врз основа на закконот, богатството ќе го поделат неговата сопруга и децата.

Наследството вклучува и една фарма, 10 автомобили и 11 хектари земјиште.

Треба да знаете
Последни објави