Search

МТСП: Обезбедуваме топол дом за секое дете

Вработените од Домот за доенчиња „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата. Денеска и утре учествуваат на обука која што треба да заврши на есен. Целта е да се подготви пероналот за престојните промени, кои се дел од преминувањето од згрижување во институција кон давање на услуги во заедницата на доенчињата и децата кои ќе бидат деинституционализирани.

Со досегашниот процес на деинституционализација во „Мајчин дом“ Битола за две третини е намален бројот на деца коишто престојуваат во оваа институција. Наша цел како Министерство е на сите да им најдеме топол дом. Истовремено, обезбедуваме квалитетни услуги на локално ниво кои ќе бидат поддршка на згрижувачите, биолошките родители и на децата. Вкупниот број на деца смесетни во институции е намален за 75 %, а наша главна заложба е сите деца да ги извадиме од големите безлични институции. Со отворањето на малите групни домови и воспоставувањето квалитна база на згрижувачки семејства, децата повеќе не се згрижуваат во гломазните установи.

Обуката која започнува денес опфаќа и развивање и подобрување на на меѓусебната комуникација и разбирање, зајакнување на тимскиот дух, но и полесно прилагодување во нови работни опкружувања и е организирана од Министерството за труд и социјална политика со поддршка  од УНИЦЕФ и Британската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави