Search

Мрежите на Македонија и Ерменија во Никозија мируваат по првото полувреме

Новокомпонираниот состав на фудбалската репрезентација на Македонија на полувремето од последниот натпревар во 2. група од Ц- Лига нации, против Ерменија кој се игра во Никозија има нерешен резултат 0:0. Ремито и одговора на Македонија на крајот да заврши како првопалсиран во групата и да избори пласман во ова натпреаврување скалило погоре, Лига Б.

Првите шанси беа забележани во 24. минута, по една на двете страни, кога до нападот на Македонија, Ерменија креираше контра, но не успеа да поситне гол, па доби само корна која не резултираше со гол.

Македонија продолжи да креира доби шанси но сепак не успеа да постигне гол, во 28. минута Тричковски имаше добра шанса, но не постигна гол со ножички, потоа во 34. повторно Тричковски имаше топка во празно но голманот на Ерменија побрзо стигна до топката.

Во 42. минута Ерменија имаше одлична шанса но Шишковски одлично интервенираше.

 

Треба да знаете
Последни објави