Search

МПС бара заштита на вработените лица во МВР по смртта на полицаецот

Со оглед на новонастаната состојба предизвикана од Covid19, појавата на неколку случаеви на заболени колеги од вирусот и за жал случајот на починат колега од Covid19 на 06.04.2020 година, како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи кој се бори за правата од работен однос на своите членови се обраќаме до Вас, со предлог мерки и активности кои бараме да се превземат од Ваша страна во следниот период:

  1. Почитување во целост на препораките за заштита од Covid19 од Светската здраствена организација, Владата на Република Северна Македонија и Центарот за јавно здравје;
  2. Под итно да се започне со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција кои Министерството за внатрешни работи ги доби како донација во изминатиот период, подеднакво за сите вработени во министерството (не селективно како до сега) и со забрзано темпо да се отпочне со неделна дезинфекција на сите просториите каде што ги извршуваат своите работни обврски вработените во министерството и секојдневна дезинфекција на сите службени возила;
  3. Ставање во мирување на сите постапките за утврдување на дисциплинска и матерјална одговорност кои се водат во Министертвото за внатрешни работи;
  4. Тестирање за Covid19 на сите вработени во министерството кои биле во контакт со заболените колеги;
  5. Редовна исплата на опремнини на вработени во министерството кои заминуваат во пензија;
  6. Да се отпочне со исплата на додаток на плата од 5% за сите вработени во министерството од криминалистичка полиција кои своите работи и работни задачи ги извршуваат во смени;
  7. Убрзување на тендерските постапки за работна униформа и ангазирање на поголем број конфекции во државата со цел побрза изработка на истите.
  1. Поради неможноста да се искористи годишниот одмор од 2019 година во законски утврдениот рок бараме да се пролонгира рокот за користење на годишен одмор за време колку што трае спреченоста за користење или истиот да се плати доколку за тоа има согласност од вработениот;
  2. Да се изготве Предлог-Уредба со која приправниците од 2018/2019 класа ќе добијат овластувања без да полагаат приправнички испит;
  3. Во овој период поради вонредната состојба во државата вработените во министерството се ангажираат повеќе од со закон пропишано работно време, поради што од Ваша страна бараме да се изнајде решение за исплата на сите изработени часеви, а се со цел, во иднина да го поштедеме министерството од тужби и излевање на големи парични средства од буџетот на истото;
  4. Министерството да изготви и дистрибуира мини прирачник со инструкции за заштита од Covid19 на вработените во министерството за време на извршување на своите службени задачи;
  5. Доделување на еднократна финансиска помош во висина на една просечна плата на сите колеги кои се заболени од Covid19, како и на семејството на починатиот колега;
  6. Министерството за внатрешни работи под хитно да обезбеди и психолошка помош и поддршка на вработените во истото кои се во изолација или самоизолација.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека од Ваша страна во целост ќе бидат прифатени нашите барања.

Треба да знаете
Последни објави