Search

Мојсовски: Стево ќе даде 100 отсто од себе, ја има поддршката, продолжуваме заедно напред!

На големиот граѓански митинг во Скопје, пред присутните се обрати Наумче Мојсовски, ракометар и репрезентативец кој истакна дека поддршката за заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски е поддршка за победа на напредокот и развојот.

-Цврсто верувам дека донесовме тешки но правилни одлуки за нашата земја. Компромисите кои ги направивме со цел членство во НАТО и ЕУ беа повеќе од потребни. Верувам дека насоката во која сега се движиме е правилна и треба да продолжиме напред, преку глас за Стево Пендаровски. Јас знам дека Стево ќе се вложи 100% за нас ако му ја дадеме поддршката. И тој ќе остави срце на терен за да ја води државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. И затоа јас му ја давам мојата целосна поддршка. Да му ја дадеме сите нашата поддршка, да продолжиме заедно напред!, повика Мојсовски.

 

Треба да знаете
Последни објави