Search

Мојсовски организираше прием за кикбоксерите Илиоски и Варадинова

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска оствари средба со македонските кикбоксери, Бобан Илиоски и Викторија Варадинова кои освоија златен, односно бронзен медал на Европското првенство во Турција.

– Успесите на сите спортисти кои како вистински амбасадори ја претставуваат нашата држава се важни, но посебно е задоволството кога станува збор за европски првак, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој им честита на успехот на двајцата медалисти од последното Европско првенство во кикбокс одржано минатата недела во Анталија, Турција.

Македонската химна одекна во Анталија  во чест на европскиот првак Бобан Илиоски.

– Многу  сум среќен, но  не застанувам тука оти на ред за освојување е светската титула идната година. Спортистите имаат за цел да тренираат и остваруваат врвни резултати, а останатите работи се задача на националните спортски федерации и државните институции, рече Илиоски.

Викторија Варадинова успеа на својот прв настап во сениорска конкуренција да го освои бронзениот медал, што претставува огромен успех.

Треба да знаете
Последни објави