Search

МОТ:Повеќе од едно на секои шест млади лица престанало да работи по започнувањето на пандемијата

Најновата анализа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за влијанието на КОВИД-19 врз пазарот на труд ги разоткрива катастрофалните и непропорционалните ефекти врз младите работници и ги анализира мерките што се преземаат за креирање безбедно враќање во работната средина.

Повеќе од едно на секои шест млади лица престанало да работи по започнувањето на пандемијата на КОВИД-19, додека, пак, работното време на оние што останале вработени било намалено за 23 проценти, вели Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Според Мониторот на МОТ: КОВИД-19 и светот на работата: 4-то издание, младите луѓе се несразмерно погодени од пандемијата, а значителното и брзото зголемување на невработеноста кај младите луѓе од февруари досега повеќе ги погодува младите жени отколку младите мажи.

Мониторот, исто така, ги ажурира процените за намалувањето на работните часови во првото и второто тримесечје на 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје на 2019 година. Проценети 4,8 проценти од работните часови биле изгубени во текот на Т1 во 2020 година (што е еднакво на приближно 135 милиони работни места со полно работно време, ако се претпостави 48-часовна работна недела). Ова претставува мала нагорна корекција од околу 7 милиони работни места во периодот по третото издание на Мониторот. Проценетиот број на загубени работни места во Т2 останува непроменет и изнесува 305 милиони.

Треба да знаете
Последни објави