Search

Мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил

Возач на мопед бил тешко повреден по судир со автомобил, вчера во Кавадраци.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 15.15 часот на крстосницата од улиците Западен булевар и Вишешница во Кавадарци.

Автомобил „евролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од И.Г.(19) и мопед „канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23), двајцата од Кавадарци.

Возачот на мопедот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, но по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од ПС Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави