Search

Мотоциклист тешко повреден по пад од мотор

Мотоциклист од Прилеп бил тешко повреден кога со моторот што го управувал изгубил контрола и излетал од коловозот, вчера на регионалниот пат Прилеп-Крушево.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 12.55 часот. Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „фости” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Мотоциклистот се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во Градската болница во Прилеп.

Увид извршила увидна екипа од ПС Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави