Search

Мотоциклист тешко повреден кај Кавадарци

Мотоциклист бил тешко повреден, а совозачот полесно откако утрово со моторот на кој се возеле се судриле со автомобил.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб.

Автомобил „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(27) од Кавадарци се судрил со имотоцикл „сузуки 750“ со кавадаречки регистарски ознаки,  управуван од С.Б.(24) од Кавадарци.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по прегледот во болницата во Кавадарци бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатникот на мотоциклот Д.А.(20) од Кавадарци бил полесно повреден.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави