Search

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и шестгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Нерези.

Според информациите на МВР, вчера околу 16:50 часот на крстосницата од улицата Козле и улицата 1010 се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда ЦБ-500“ со скопски регистерски таблички, управуван од Д.П. (26) од Скопје, и автомобил „опел агила“ со скопски регистерски таблички управувано од Е.Ѓ.(31) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил Д.П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му била укажана лекарска помош, а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ.

Треба да знаете
Последни објави