Search

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кочани

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кочани. Според   полицијата, несреќата се случила вчера околу 11.40 часот на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Бел Камен“ во Кочани.

Притоа се судриле возило „опел инсигнија“ со италијански национални ознаки, управуванаоод Р.Ф. (47) од село Елово, општина Студеничани и мотоцикл „сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од село Тркање, Кочанско.

Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.

Треба да знаете
Последни објави