Search

Мотоциклист од Охрид тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Охриѓанецот Д.П. (23) бил тешко повреден кога со моторот што го управувал се судрил со автомобил, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 15.15 часот на крстосницата од улиците Владимир Полежановски и Рајко Жинзифов.

Мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.П. се судрил со автомобил „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(68) од Скопје.

Мотоциклистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави