Search

Моторџија удрил во пешак на „Дижонска“

На 13.10.2019 во 16.05 часот било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, во близина на крстосницата со ул.„Дижонска“, Е.Г.(20) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од с.Палиград. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави