Search

Моторџија прегазил полицаец во Хиподром

З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки вчера во 22:30 часот на железнички премин на улицата „Благоја Стефковски” во населба Хиподром удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави