Search

Моторциклист удри во пешак

Вчера во 15 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Пере Тошев” мотоцикл „Јиајуе” со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во пешакот М.Ј.(44) од Скопје и по незгодата го напуштил местото на настанот. М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави