Search

МотоГП се враќа во Бразил

МотоГП потпиша 5-годишен договор и ќе се врати во Бразил од сезоната 2022 година на планираната нова писта во Рио де Жанеиро.

Градот за последно беше домаќин на старт на Светското првенство во мотоциклизам во 2004 година на трасата во комплексот „Жакарепагуа”, кој беше срушен како резултат на инфраструктурен проект за Летните олимписки игри во 2016 година.

Новиот „Рио Моторпарк”, со траса од 4,5 километри, треба да биде готов на почетокот од следната година.

Треба да знаете
Последни објави