Search

МотоГП: Маркез со пол-позиција во Чешка

Лидерот на МотоГП, Марк Маркез ја освои пол-позицијата во непредвидливи квалификации за ГП на Чешка.

Пилотот на Хонда го запиша својот најдобар круг во самиот крај на сесијата со гуми за сува писта, иако дождот во првиот сектор на пистата „Брно” веќе се засили. Со своето достигнување, Маркез успеа да го изедначи легендарниот пилот Мик Дуан по број на пол-позиции во кралската класа.

Второто место му припадна на сателитскиот пилот „Дукати”, Џек Милер, кој падна од неговиот мотоцикл во неговиот последен квалификациски круг. Сепак, неговото време беше 2,5 секунди послабо од Маркез.

Од третата позиција на стартната линија утре ќе тргне пилотот на КТМ – Јоан Зарко.

Треба да знаете
Последни објави