Search

МотоГП: Довициозо најбрз по првиот тренинг во Малезија

МотоГП: Довициозо најбрз по првиот тренинг во Малезија

Пилотот на Дукатим Андреа Довициозо беше најбрз по првиот тренинг пред ГП на Малезија во МотоГП. Валентино Роси со Јамаха заврши на второ место со само десетинка заостанување.
Трет беше тимскиот колега на Валентино, кој триумфираше во Австралија со Јамаха – Маверик Вињалес.
Пилотот на Прамак Рејсинг, Џек Милер прв забележа време под две минути, но на крајот беше надминат од тројцата конкуренти. Дови ја презеде првата позиција две минути пред крајот на сесијата. Пети остана уште еден пилот со Дукати – Данило Петручи. Алекс Ринс беше најбрз за Сузуки во слободниот тренинг и го освои шестото место.
Шампионот Марк Маркез остана десетти, откако одлучи да не користи нови гуми за последниот напад. Неговото најдобро време беше за секунда побавно од тоа на Довициозо.
Треба да знаете
Последни објави