Search

Мота: Бевме соиграчи со Пандев во Интер, а сега чест ми е да го тренирам

Горан Пандев, македонскиот фудбалски капитен, синоќа одново се најде во првиот тим на Џенова, која приреди големо изненадување на гостувањето кај фаворизираниот Наполи.

Дуелот во Неапол заврши без постигнат гол (0-0), а новиот стратег на Џенова, Тиаго Мота кој своевремено беше и соиграч на Паднев испрати пофални зборови за одиграната партија на нашиот фудбалер.

-За Горан Пандев можам да поделам само комплименти. Нема потреба да трошам зборови за неговите квалитети, сите знаеме како играч е, и тој може да ни помогне многу. Во Интер бевме соиграчи и минавме прекрасни денови, а сега имам чест да го тренирам. Тој е голем фудбалер, рече Мота.

На синоќешниот меч Пандев на теренот остана 80 минути, додека македонскиот репрезентативец кој ги брани боите на Наполи, Ељиф Елмас доби шанса во финишот.

Треба да знаете
Последни објави