Search

МОСТ: Одѕивот 6,6 отсто, неправилности на две гласачки места

– Одѕивот на гласачите до 10 часот, според информациите на набљудувачите на МОСТ, изнесува 6,6 проценти, а неправилности се забележани во Студеничани и селото Здуње, Гостиварско.

-Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачкото место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денеска нема да се спроведува гласање и на ГМ 0531, во село Здуње, Општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачки ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била Општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило, беше соопштено на прес-конференција.

Од МОСТ ги демантираа информациите што се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во Општина Студеничани.

Треба да знаете
Последни објави