Search

МОСТ: Во Здуње член на избирачки одбор откинал три гласачки ливчиња

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:

•гласачко место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова место денес нема да се спроведува гласање.
•на гласачкото место 0531, село Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.

Треба да знаете
Последни објави