Search

Москва: Сите обвиненија против Марија Бутина се неосновани

Кремљ соопшти дека обвиненијата против Марија Бутина, која е уапсена за шпионажа во САД, се неосновани.

„Повторуваме, сите наводи против неа дека деjствувала како руски агент во САД се апсолутно неосновани“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русинката Марија Бутина е обвинета дека работела како таен агент за руската Влада. Таа вчера призна вина за заговор и за обид да се инфилтрира во конзервативни политички групи во САД, откако постигнала договор со обвинителите.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека тој разбира зошто Бутина се изјаснила за виновна наведувајќи дека таа била мачена во затворот.

Треба да знаете
Последни објави