Search

Москва: Подготовките на САД за поставување оружје во вселената е неодговорно

Официјална Москва оценува дека подготовките на Вашингтон да постави оружје во вселената се неодговорни, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Чекорите на САД преземени во последно време, во однос на подготовки за распоредување оружје во вселената, вклучувајќи и формирање на вселенска група за ракетна одбрана, ја потврдуваат растечката потреба од меѓународни напори за спротивставување на таквите неодговорни планови, истакна Захарова.

– Се надеваме на брз почеток на преговори за ова прашање на конференцијата за разоружување, а во контекст на одржување меѓународна безбедност и стратешка стабилност, потенцира таа.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе учествува на конференцијата за разоружување во Женева на 20 март.

Треба да знаете
Последни објави