Search

Москва повикува вампири во помош во борба против антиваксери

Соочен со зајакнувањето на движењето против вакцинирање, градот Москва прибегна кон реклами со вампири за да ја пренесе важноста на имунизацијата.

Здравствениот оддел на рускиот главен град оваа недела објави видео на Интернет во кое главен јунак е вампир, заедно со неговата ќерка.

Во видеото, вампирот го прашува лекарот дали неговата ќерка може да ја пие крвта на невакцинираната личност без ризик.

Лекарот, кој забележува дека можеби е добра идеја воопшто да не се пие крв, вели дека е особено опасно да се консумира хемоглобин од некој што не е вакциниран.

„Затоа некои родители се против вакцинирање, за да не спречат да ги гриземе нивните деца”, заклучува московскиот Дракула.

Видеото завршува со повик децата да бидат вакцинирани.

Треба да знаете
Последни објави