Search

Москва нема да соработува со Вашингтон за сириската нафта

Русија нема да соработува со САД по прашањето на сириската нафта, тоа е имот на народот на Сирија со кој би требало да располагаат граѓаните на таа земја, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершињин, пренесува ТАСС.

„Станува збор за сириската нафта т.е. за националниот имот на целиот сириски народ. Уверени сме дека токму сирискиот народ треба да управува со своите природни ресурси, вклучувајќи ја и нафтата“, додаде Вершињин.

Претходно Асошиејтед прес, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил проширување на американската воена мисија за обезбедување на нафтените полиња во источна Сирија. Агенцијата додаде дека таквиот потез на Трампа отвара низа тешки правни прашања – дали американската војска ќе може да ги напаѓа сириските, руските или други сили во случај на закана за нафтените полиња. Исто така се истакнува дека одлуката на Трамп предвидува присуство на стотина американски војниц во Сирија, иако претходно објави повлекување на трупите од оваа земја.

Вершињин наведе дека Москва е спремна да соработува со сириската влада на обезбедувањето контрола и безбедност на територијата на која се наоѓаа камповите на Сириските демократски сили во кои беа заробени припадниците на Исламската држава.

Треба да знаете
Последни објави