Search

Москва: Маневрите на јужнокорејските ловци ја загрозиле безбедноста на руските бомбардери

Руските бомбардери ТУ-95MС не отстапија од плановите за летови и се придржуваа кон меѓународните правила, објави руското Министерство за одбрана коментирајќи го инцидентот над Јапонското Море, пренесува „Спутник“.

„Рутата на ТУ-95МС не отстапуваше од планот во согласност со меѓународните прописи. Авионот се движеше на далечина од 25 км од островите Докдо (Такешима) и не го наруши јужнокорејскиот воздушен простор“, додаде министерството.

Министерството за одбрана соопшти дека два јужнокорејски ловци Ф-16 извеле непрофесионални маневри, сечејќи ја патеката на летање на рускиот стратешки ракетен носач и предизвикале закана за неговата безбедност.

„Јужнокорејските ловци не пукаа предупредувачки истрели кон руските авиони“, додаде министерството.

Руското Министерство за одбрана, исто така, изјави дека не е првпат пилотите од Јужна Кореја да се обидат неуспешно да ги спречат руските авиони да летаат над неутралните води на Јапонското Море, осврнувајќи се на зоната за идентификација на воздушната одбрана на Јужна Кореја поставена од Сеул.

„Таквите ‘зони ‘не се предвидени со меѓународни правила и не се признаваат од страна на Русија, која беше постојано се пријавуваше кај јужнокорејската страна преку разни канали”, се наведува во соопштението.

Според руската војска, пилотите од Јужна Кореја не успеале да контактираат со екипажите на руските Ту-95МС, а откако Ф-16 истрелале топлински замки, тие се оддалечиле од руските авиони.

Треба да знаете
Последни објави