Search

Москва ги негира тврдењата дека руските копнени сили се присутни во сириски Идлиб

Руското Министерство за одбрана го отфрли како неоснован неодамнешниот извештај на „Ројтерс“ кој тврди дека Русија неодамна испратила копнени сили и специјални сили во северозападната сириска провинција Идлиб за да се бори со сириската армија против опозицијата, пренесува „Спутник“.

„Тврдењата дека руските копнени сили и специјални сили, наводно, учествуваат во воените операции во провинцијата Идлиб, што се шират од „Ројтерс“ од Велика Британија се уште една лажна вест. Во Сирија нема руски копнени сили, и никогаш немало”, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Вестите доаѓаат неколку дена откако џихадистите ја нападнаа населбата Хараб ал-Хизато во провинцијата Латакија. Руската војска претходно изведе неколку водушни напади на терористички позиции во Идлиб откако милитантите ја нападнаа турската воена позиција и руската воздухопловна база „Хмеимим“.

Треба да знаете
Последни објави