Search

Морати ги „подгрева“ шпекулациите: Би го вратил Мурињо

Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати призна дека би сакал да го види Жозе Мурињо назад во Интер.

Мурињо донесе голема радост во Милано додека седеше на клупата на „Нероазурите“ освојувајќи ја Лигата на шампионите со овој клуб и доминирајќи во Серија А.

Сега кога Португалецот остана без клуб откако доби отказ од Манчестер Јунајтед веднаш почнаа да се шират шпекулации за негово евентуално враќање во редовите на Интер.

– Дали го сакам Мурињо назад во Интер? Да. Јас многу го почитувамнего. Како и да е, ќе му дадеме уште време на Спалети да докаже дека вреди. Симеоне? Ми се допаѓа, но Мурињо е специјален – изјави Масимо Морати.

Треба да знаете
Последни објави