Search

Мората ја урна Португалија и ја однесе „фуријата“ во плеј-офот!

Португалија запиша пораз од Шпанија (0-1) во последното коло до Група 2 во Лига А од Лигата на нации. Тимот на Луис Енрике стана последниот учесник на плеј-офот, во кој ќе играат уште и Италија, Хрватска и Холандија.

Кристијано Роналдо беше најопасниот фудбалер од таборот на домаќинот. Тој во неколку наврати го тестираше, но не беше успешен во дуелот со Унаи Симон. Очекувано, домашната селекција го имаше поседот, но шансите беа на страна на противникот. Сепак, во самиот финиш Алваро Мората донесе молк во Брага. Се играше 88. минута кога тој погоди и обезбеди минималец за „црвената фурија“.

Швајцарија не дозволи изненадување и во рамки од истата група ја надигра Чешка (2-1). Чесите останаа на последното место, што значи дека во наредното издание на натпреварувањето ќе играат во Лигата Б.

Грција му направи услуга на Кипар со високата победа над Северна Ирска (3-1). Јужниот сосед го потврди првото место со убедливо издание на домашен терен. Косово го декласира Кипар, кој сепак остана во Лига Ц, поради подобриот меѓусебен дуел со Северна Ирска.

Треба да знаете
Последни објави