Search

Моралната полиција им нареди на Иранците да ги игнорираат жените за време на Рамазан

Муслиманската морална полиција во Иран им даде на локалните мажи едноставна наредба: да ги одвратат своите погледи од жените за време на Рамазан, пренесува „Кајхан лајф“.

Наредбата е дел од се посилниот напад врз слободите од страна на строгиот исламски режим поради американските санкции и растечките граѓански немири.

„Мојот личен совет за жените е да го почитуваат хиџабот уште повеќе, а господата мора да избегнуваат да гледаат директно на женските минувачи. Секој што ќе ги игнорира овие инструкции за време на Рамазан ќе изврши прекршок и треба да очекува казна од единиците за спроведување на законо”, рече портпаролот на судството, Голам-Хосеин Есмаили.

Шамијата, или хиџаб, е задолжителна во јавноста за сите жени во Иран. Оние кои го прекршуваат ова правило обично добиваат затворска казна од два месеца затвор и парична казна од околу 25 долари

Муслиманската морална полиција додаде и дека ќе го уапси секој што ќе слуша музика во автомобилот, ќе им го заплени автомобилот и им даде голема парична казна.

Остри мерки за јавно прикажување љубов и емоции доаѓаат во време кога полицијата започна истрага за вознемирувачки видеа на социјалните мрежи на кои ученички танцуваат на поп-песна и од студентки кои протестираата против иранскиот закон за шамии.

Иранскиот министер за образование, Мохамад Батеи, вели дека тим експерти трагаат по изворот на видеото кое прикажува насмеани и среќни деца кои учествуваат во онлајн танцов предизвик.

„Непријателот се обидува на различни начини да создаде вознемиреност кај луѓето, вклучувајќи ги и ширењето на овие вознемирувачки видеа. Сигурен сум дека постои некаков политички заговор зад објавувањето на овие девијантни клипови од училиштата”, рече Батеи.

Треба да знаете
Последни објави