Search

Моралес пристигна во Мексико каде доби азил, вети дека ќе се врати

Боливискиот претседател Ево Моралес отпатува во Мексико каде доби азил, откако поднесе оставка под притисок на протестите во неговата земја.

Моралес, кој е првиот домородец претседател на Боливија, заминал во Мексико со авионот на мексиканската Влада од боливискиот град Чиморе.

Тој на Твитер потврди дека стигнал во Мексико и оти го боли заминувањето од земјата од политички причини, но вети дека ќе се врати посилен и поенергичен.

На социјалната мрежа Моралес објави фотографија на која се гледа како лежи под импровизиран шатор, направен од виолетово ќебе, и напишал како ја поминал својата прва ноќ во егзил.

– Ова беше мојата прва ноќ по напуштањето на претседателството и под принуда на државен удар. Им благодарам на своите браќа од сојузот Тропик оф Кокабамба на овозможената безбедност и нега, напиша Моралес.

Пред да замине Моралес во Мексико, војската соопшти дека ќе и се придружи на полицијата во патролирањето низ улиците, откако во протестите, кои се одржуваат во Боливија по изборите одржани минатиот месец, се уништени четири полициски станици.

Треба да знаете
Последни објави