Search

Мопедист повреден во сообраќајка

На  ул.„Тодор  Александров” во Скопје вчера во 14 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје  и мопед „јијинг” со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К(38) од Охрид.

Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен во Ургентен центар -Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави