Search

МОН ќе предложи измени на програмата за доделување стипендии за врвни музички школи во светот

Од Министерството за образование и наука информираат дека на следната владина седница ќе предложат да се направи измена и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, со што ќе се даде основ Министерството да објави конкурс за доделување на стипендии за студии на врвни светски високо образовни установи од областа на уметноста, вклучувајќи ја и областа на музиката.

-Со тоа, ќе им се овозможи и на талентираните државјани на Република Северна Македонија кои аплицираат и се примени на врвни музички школи во светот, да студираат непречено со поддршка од Министерството за образование и наука, се маведува во соопштението од МОН.

На конкурсот, што ќе биде објавен по усвојување на измената и дополнувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, можност за аплицирање за стипендија ќе има и студентот од нашата земја, кој е примен на „The Juilliard School” во Њујорк, а кој е дел од низа написи во медиумите во минатите неколку денови. 

Треба да знаете
Последни објави