Search

МОН: Таравари да не го злоупотребува образованието во политички цели

Градоначалникот на Гостивар обврската за појаснување на неговите дејствија и активности спротивно на законот и процедурите ја заменува со дезинформации, шпекулации и со скандалозна злоупотреба на последните трагични настани.МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар, е вели во реакцијата на Министерстото за образоание и наука.

,,Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта.

Поточно, тоа што беше констатирано во оваа општина е следното: непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е  констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон.

Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори”, наведува МОН.

,,Со жалење можеме да констатираме дека сето ова е само повторување на состојбата од претходната година, кога на истата општина и беа одземени надлежностите од истите причини. Овие надлежности и беа вратени на Општина Гостивар од страна на МОН кога беа отстранети неправилностите. И, повторно, по враќање на надлежностите за образование во оваа општина и на нејзиниот градоначалник, имаме повторување на законски прекршоци.

Сакаме да упатиме апел до Општина Гостивар, градоначалникот на оваа општина и до нејзиното раководство да не обвинуваат само заради нивните политички цели, да не ја вклучат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.Преземените мерки од страна на МОН се со дефинирани рокови, во рамки на кои ќе се отстранат неправилностите, велат од Министерство за образование и наука

Треба да знаете
Последни објави