Search

МОН: На првиот училишен час, нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата и од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата, соопштија од МОН.

Од таму информираат дека за успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс.

„Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата“, се наведува во соопштението.

За училиштата кои ќе работат со физичко присуство, Министерството за образование и наука апелира до директорите, наставниците, родителите и учениците да се придржуваат на строгите мерки за заштита од Ковид 19, бидејќи тие се клучни за спречување на ширење на заразата.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Треба да знаете
Последни објави