Search

Монца го ангажираше Боатенг

Играчот за врска на италјанскиот фудбалски калчолигаш Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг се пресели во Монца, чиј сопственик е поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Играчот за врска денес официјално потпиша договор на една сезона со тимот од Серија „Б”.

Кариерата на 33-годишниот Боатенг е доволно богата и вклучува периоди во Херта (Берлин), Тотенхем, Борусија (Дортмунд), Барселона, Милан, а минатата година го носеше дресот на Фиорентина.

Берлускони, еден од најуспешните претседатели на Милан, ја презеде контролата над Монца пред две години. Клубот влезе во Серија „Б” оваа сезона и ја започна сезоната 2020/2021 со желба да влезе во Серија „А”.

Треба да знаете
Последни објави