Search

Монти Вилијамс прогласен за тренер на годината во НБА

Тренерот на НБА-лигашот Феникс Санс, Монти Вилијамс, е прогласен за најдобар тренер на сезоната 2021/2022 година во најсилната кошаркарска лига во светот.

Тој ги предводеше Санс до првото место во Западната конференција во регуларниот дел од сезоната, со рекордни 64 победи и 18 порази.

Во гласањето Вилијамс е убедливо прв со 458 поени. На второто место се наоѓа Тејлор Џенкинс од Мемфис со 270, а трет е Ерик Сполстра од Мајами кој доби 72 поени.

Вилијамс ги водеше Санс од почетокот на сезоната 2019/2020. Тие останаа непоразени во балонот од Орландо пред да стигнат до финалето на НБА минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави