Search

Монтгомери ја предупреди Германија за опасноста од предвремено олеснување на мерките

Претседателот на Светската асоцијација на лекари Франк Улрих Монтгомери ги предупреди политичарите во Германија за опасноста од предвремено олеснување на рестриктивните мерки за борба против новиот коронавирус.

„Политиката сега треба да излезе со егзит стратегија, но почетокот на олабавување не е датум за календар”, рече тој во изјавата за „Билд”.

Монтгомери посочува дека решението за попуштање на мерките мора да се спроведе врз основа на должината на времето во кое се дуплира бројот на заразени лица.

Егзит-стратегијата се разговара со денови во Германија, при што германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е рано да се повлечат ограничувањата.

Треба да знаете
Последни објави