Search

Монструозно злосторство: Претепал 4-годишно девојче до смрт поради бизарна причина

19-годишниот убиец најпрвин се обидел да се брани тврдејќи дека станува збор за несреќен случај, но обвинителите разоткриле што точно направил.

Џонатан Фаир од Чикаго е обвинет за убиство на 4-годишното девојче Скајлер Мендез во Лејк Сити на Флорида, пренесуваат американските медиуми.

Причината за ова страшно злосторство е бизарна – девојчето, инаку ќерка од првиот брак на девојката на Фаир, поради невнимание, истурило сок врз неговата гејминг конзола. Тој поради тоа збеснал и крвнички го претепал девојчето до смрт.

Откако сфатил што направил, претепаното девојче го однел во болница, но веќе било прекасно и докторите за жал не успеале да го спасат животот на Мендез.

Неговата девојка и мајка на несреќното девојче не била дома кога се случило ова монструозно злосторство. Фаир најпрвин се обидел да се оправда дека станува збор за несреќен случај, но веќе било јасно за што станува збор.

Докторите утврдиле нагмечување на мозокот и уште низа на фатални повреди од силните удари кои што ги претрпело девојчето. На крајот, Фаир го признал убиството, а обвинителството сега бара изрекување на доживотна затворска казна.

Треба да знаете
Последни објави